Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата интернет-страница и користите некоја од нашите услуги преку истата, за обработката на личните податоци коишто ѝ се неопходни на Македонска Берза АД Скопје за остварување на законските цели, задачи и овластувања, за обработка на лични податоци при постапување по барања на надворешни субјекти, како и при користење на услугите на Берзата. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Берзата при обработката на личните податоци применува технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на личните податоци, во согласност со законските и подзаконските прописи од оваа област.
Политиката на приватност има за цел на Вас како субјект на лични податоци да Ви обезбеди подетални информации за тоа како и зошто Берзата ги обработува Вашите лични податоци, под кои услови и околности, како и какви права имате во однос на Вашите лични податоци согласно позитивните законски прописи од областа на заштитата на лични податоци.
Контролор на збирките на лични податоци
Македонска Берза АД Скопје (во натамошниот текст: Берзата), застапуван од Главниот извршен директор на Берзата Иван Штериев, со ЕМБС 5062608 и со седиште на ул. „Орце Николов бр. 75, 1000, Скопје, Република Северна Македонија е контролор на личните податоци.
Чии податоци собираме
Берзата собира податоци поврзани со следниве категории субјекти:
- посетители на нашата интернет-страница кои користат некои од услугите на Берзата;
- учесници на обуки, конференции и настани и тоа лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од Берзата;
- лица чии лични податоци ѝ се неопходни на Берзата за остварување на законските цели, задачи и овластувања;
- надворешни субјекти со кои Берзата воспоставува директен или индиректен деловен однос кога постапува по нивни барања;
- други корисници на услугите на Берзата.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку:
- преку Вашето користење на нашата веб-страница;
- преку нашата е-адреса: mse@mse.mk;
- преку лична достава на документи во арихавата на Берзата;
- преку пошта.
Категории на корисници на личните податоци и пренос во трети земји
Активностите на обработка на личните податоци се извршуваат од страна на овластени лица во Берзата исклучиво во рамки на вршењето на работните задачи коишто произлегуваат од нивното работно место во Берзата.
Берзата не ги споделува Ваши податоци со трети лица, освен во следниве случаи:
- во случај на ангажирање даватели на услуги ‒ обработувачи на лични податоци, коишто се обврзани да постапуваат според упатствата на Берзата и да обезбедат соодветна заштита на личните податоци при обезбедувањето на тие услуги;
- по барање надлежни органи и тела во рамки на законски пропишана постапка.
Берзата не врши пренос на личните податоци на субјектите во трети земји.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци
• право на пристап до личните податоци
• право на исправка и бришење на личните податоци
• право на ограничување на обработката на личните податоци
• право на приговор
Доколку имате дадено согласност на Берзата за обработка на вашите лични податоци, имате право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Евита Иванова на следниов e-mail: evita@mse.mk или преку доставување на писмено барање преку архивата на Берзата.
Право на поднесување барање до АЗЛП
Доколку сметате дека начинот на кој Берзата ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, а согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Промена на политиката на приватност
Политиката на приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени во законската и подзаконската регулатива од областа на заштита на личните податоци, промена на податоците за нас и промена во нашите активности.
24.08.2021 година
ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (cookies) на Македонска Берза АД Скопје
Што се „колачиња“ (cookies)?
Колачиња (Cookies) се мали датотеки што се користат за прибирање информации за идентификација на веб корисниците, односно преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата интернет-страница со што се овозможува побрз пристап. Затоа не е потребно корисникот да се идентификува секогаш кога ке влезе на истата веб страна. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет-страниците според вашите потреби и навики. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.
Сите информации што се меморираат во рамките на „Cookies“ може да бидат искористени само за потребите на интернет-услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.
Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.
Типови на колачиња
Берзата на својата веб страница користи неколку типови на колачиња:
- Неопходни колачиња
Овие колачиња овозможуваат правилно функционирање на веб страната и нејзините основни функционалности, како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и слично.
Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со дадените поставки.
Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите преку Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што Без инсталирање на овие колачиња, не можеме да Ви обезбедиме непречен пристап до веб страната, односно одредни делови од истата нема правилно да функционираат. - Колачиња за аналитика (т.н. колачиња од трети страни)
Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната.
Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Овие колачиња не собираат никакви лични информации и информациите што ги собираат се збирни.
Овозможување на употреба на колачиња
Со кликање на копчето “Се согласувам” и со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани погоре.
Со кликање на копчето “Не се согласувам” и со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме само неопходните колачиња опишани погоре.
Доколку не сакате да користиме cookies како што е наведено погоре, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на cookies, можете истите да ги избришете преку Вашиот пребарувач.
Прибирање лични податоци
Преглед на интернет страницата на Македонска Берза АД Скопје е анонимно и на тој начин не собира податоци кои ќе овозможат ваша лична идентификација.
Берзата автоматски собира податоци за вашиот компјутер. Овие податоци може да вклучуваат вашата IP адреса, тип на прелистувач, име на домен, време на пристап и веб-страници.
Единствените лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, обезбедување на повратни информации, користење на услуги, поднесување на барања и поднесување на соодветен коментар и со кои Берзата постапува согласно Законот за заштита на личните податоци и подзаконската регулатива.
24.08.2021 година