За Web страна mbmonitor.mse.mk
Интернет страницата mbmonitor.mse.mk е слободна, а не комерцијална Web страна на Берзата. Информациите кои се содржани на оваа Web страна на Берзата се исклучиво за општо информативна намена. Берзата не гарантира прецизност или навременост на информациите и ниту нејзините службеници, ниту директори, ќе бидат одговорни пред клиентите и членките за било какви штети, загуби, трошоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се и од загуба на податоци, компјутерско време, финансиски загуби.
Берзата им дава на корисниците ограничена, непренослива и неексклузивна дозвола да ја разгледаат, печатат или копираат содржината од Web страната само за лична, некомерцијална употреба. Не се дозволува во целост или поодделно да се умножуваат, дистрибуираат, репродуцираат, лиценцираат или менуваат податоците објавени на Web страната заради остварување на комерцијални интереси на корисниците, без претходна писмена согласност од Берзата.
Корисниците се запознати и согласни дека податоците, графиците, текстот, логото и сите други материјали содржани на web страницата се заштитени согласно одредбите за индустриска сопственост, авторски права и правото на трговска марка.
Берзата објавува податоци на Web страната единствено заради информативни цели и ништо од тоа што е објавено не содржи понуда за купување или продавање или барање за понуда да се купат или продадат кои било хартии од вредност. Податоците од содржината на Web страната во никој случај не претставуваат препорака од страна на Берзата за квалитетот на кое било акционерско друштво или инвестициски фонд, ниту се инвестициски совет за донесување на одлука за инвестирање.
Берзата не ја контролира содржината на програмите или информациите на другите web страни, и не превзема никакви одговорности за содржината на некоја друга web страница, кои се поврзани со или произлегуваат од mbmonitor.mse.mk страната.