Извршниот директор на Македонска берза Иван Штериев во подкастот на Patrick Young!
Главниот извршен директор на Македонска берза во интервјуто со Patrick L Young, во рамките на платформата Exchange Invest, се осврна на карактеристиките и предизвиците со кои се соочува нашиот пазар на капитал.
Exchange Invest е платформа за размена на информации, создадена од долгогодишниот дигитален пионер и претприемач Patrick L Young, чија прва книга „Револуција на пазарот на капитал!“ ја најави иднината на финансиите во дигиталниот свет една деценија пред да се употреби зборот „fintech“!