ФАКТИ ЗА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ 1H 2022

Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 30.09.2022 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало заклучно со 30.09.2022 година.

Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни податоци за друштвото, пазарни податоци за 2021 година и пазарни податоци за период 01.01.-30.09.2022 година. Промената на просечната цена е пресметана како релативен однос на просечната цена на 30.09.2022 и просечната цена од 30.12.2021 година
Графиконот го покажува движењето на просечната цена на акцијата и прометот остварен од редовно тргување во денари во периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година.

Вториот сегмент вклучува податоци од неревидираните финансиски извештаи за првото полугодие од 2022 година за котираните друштва, за дел од нив се користени консолидирани финансиски извештаи. За 2021 и 2020 година користени се податоци од годишните ревидирани биланси на успех и биланси на состојба.

Третиот дел се финансиските показатели, кои се пресметани врз основа на пазарните податоци за период 01.01.2022-30.06.2022, како и 2021 и 2020 и податоците од финансиски извештаи од првото полугодие за 2022 и годишните финансиски извештаи за 2021 и 2020 година.

Fact book 2022 прво полугодие

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux