ФАКТИ ЗА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ 2020 ГОДИНА

Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 31.12.2020 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало во 2020 година.

Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни податоци за друштвото, пазарни податоци за 2020 година и пазарни податоци за првиот квартал од 2021 година.
Графиконот го покажува движењето на просечната цена на акцијата и прометот остварен од редовно тргување во денари во периодот од 01.01.2020 до 31.03.2021 година.

Вториот сегмент вклучува податоци од неревидираните финансиски извештаи за 2020 година за котираните друштва, за дел од нив се користени консолидирани финансиски извештаи. За 2019 и 2018 година користени се податоци од годишните ревидирани биланси на успех и биланси на состојба.

Третиот дел се финансиските показатели, кои се пресметани врз основа на пазарните податоци и податоци од финансиски извештаи за 2020, 2019 и 2018.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux