УПАТСТВА ЗА ОПЕРАТИВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА FUNDERBEAM ПЛАТФОРМАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонската берза во соработка со Funderbeam групацијата и нејзината подружница Funderbeam CEE, ја промовира Funderbeam платформата во Република Северна Македонија, со цел на истата да учествуваат македонски инвеститори и друштва. Во регионот Funderbeam платформата се користи во Република Словенија и Република Хрватска.

Македонската берза со едукација за концептот на crowdfunding генерално и промоција на конкретната  crowdfunding платформа, базирана на супер иновативната технологија и глобален деловен модел на компанијата Funderbeam од Естонија овозможува македонските компании да добијат можност за финансирање на своите развојни планови на светско ниво (што ќе зависи пред се од нивната иновативност и компетитивност), а истовремено заинтересираните домашни инвеститори да можат да вложуваат во домашни проекти со добар потенцијал, со што ќе изврши поефикасна алокација на домашните заштеди и во овој дел од економијата.

Со цел разјаснување на даночните и правните аспекти поврзани со функционирањето на платформата Funderbeam на заинтересираните страни, Македонската берза преку даночен и правен консултант изготви даночно и правно упатство.

Правниот прирачник за инвестирање, тргување и собирање на средства преку Funderbeam  платформата е изработен од страна на Адвокатското друштво Папазоски и Мишев. Накратко во прирачникот е објаснето функционирањето на платформата, кој може да инвестира и како, процесот на инвестирање и секундарното тргување.

Даночното  упатство за инвестирање, тргување и прибирање на средства преку платформата Funderbeam е изготвено од страна на Мур Стивенс ДОО Скопје. Прирачникот подетално содржи упатство за даночни импликации за инвеститори – правни лица, упатство за даночни импликации за инвеститори – физички лица и упатство за даночни импликации за домашни компании (ДОО) – прибирачи на капитал.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux