ИНТЕРВЈУ НА ГЛАВНИОТ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЗА МАГАЗИНОТ МЕНАЏЕР/КАПИТАЛ
По повод 25 години од првиот ден на тргување на Македонска берза, 28 март 1996 година, Главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев, даде интервју за новото издание на магазинот Менаџер/Капитал.
„Објективно гледано, во изминатите 25 години Македонска берза стана интегрален дел и чинител во нашиот финансиски систем. Некои функции ги обавува на многу високо ниво, почнувајќи од основната за која што е и формирана – организираното спојување на понудата и на побарувачката за хартии од вредност во македонската економија и пазарно формирање на цените на финансиските инструменти, односно т.н. price discovery. Во изминатите две и пол децении на Берзата се склучени околу 580 илјади трансакции со повеќе од 640 акции и 30 обврзници, при што вкупната вредност на целокупниот досегашен промет изнесува над 3,9 милијарди евра. Најголем предизвик којшто се’ уште тешко се надминува е тоа што берзата не е практично искористена од корпоративниот и од јавниот сектор како пазарен механизам за нивно финансирање, но тоа е општа аномалија на економиите и на финансиските системи на сите пост-транзициски економии во регионот и пошироко.“
Прочитајте го целото интервју на следниот линк.