ФАКТИ ЗА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ 2021

Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 31.12.2021 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало во 2021 година.

Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни податоци за друштвото, пазарни податоци за 2021 година и пазарни податоци за период 01.01.-31.03.2022 година. Промената на просечната цена е пресметана како релативен однос на просечната цена на 31.03.2022 и просечната цена од 30.12.2021 година
Графиконот го покажува движењето на просечната цена на акцијата и прометот остварен од редовно тргување во денари во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2022 година.

Вториот сегмент вклучува податоци од неревидираните финансиски извештаи за 2021, 2020 и 2019 година за котираните друштва. За дел од нив се користени консолидирани финансиски извештаи.

Третиот дел се финансиските показатели, кои се пресметани врз основа на пазарните податоци од 2021, како и 2020 и 2019 и податоците од годишните финансиски извештаи за 2021, 2020 и 2019 година.



WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux