ФАКТИ ЗА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ 2022
Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 30.12.2022 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало заклучно со 30.12.2022 година.
Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни податоци за друштвото и пазарни податоци за период .2022 година. Промената на просечната цена е пресметана како релативен однос на просечната цена на 31.12.2022 и просечната цена од 30.12.2021 година
Графиконот го покажува движењето на просечната цена на акцијата и прометот остварен од редовно тргување во денари во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година.
Вториот сегмент вклучува податоци од финансиски извештаи за 2022 година за котираните друштва. За 2021 и 2020 година користени се податоци од годишните ревидирани биланси на успех и биланси на состојба.
Третиот дел се финансиските показатели, кои се пресметани врз основа на пазарните податоци за период 2022, 2021 и 2020 и податоците од финансиски извештаи за 2022, 2021 и 2020 година.
Fact book 2022