ПРИЛОГ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА „PITCH. MATCH. GROW.“

На 26 и 27 февруари во хотел Мериот во Скопје се одржа конференцијата Pitch. Match. Grow., организирана од PwC Северна Македонија, со поддршка на Македонска берза, USAID BEP, Стартап Македонија и Скопје Marriott Хотел. Берзата беше активно вклучена во агендата на вториот конференциски ден преку содржините за презентирање на crowdfunding платформата Funderbeam.

На овој  настан, учесниците добија корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на своите проекти/идеи/стартапи. Учесниците на панел дискусиите во двата дена успеаа со практични примери и конкретни прашања да ја направат оваа средба уште поинтересна и покорисна.

На дводневната конференција се презентираа можностите за инвестирање и начините на аплицирање кои што ги нудат инвеститорите, а се презентираа и самите стартапи (Pitch), така што секој стартап или секој што веќе има идеја, можеше да се идентификува во процесот и да одреди од каде е најсоодветно да побара инвестиција (Match), што пак ќе придонесе да го унапреди својот бизнис, за тој да премине во следната фаза од својот раст (Grow).

За време на конференцијата стартапите имаа можност да се поврзат со инвеститори и консултанти, да слушнат можности за разновидни финансирања и програми кои ги нудат PwC и останатите учесници.

Панел дискусија #StraightToThePoint насоки од успешни стартап приказни

Првиот ден од конференцијата го обележаа две панели дискусии, како и pitching сесија, на која имаа можност 10 стартапи да ја презентираат својата идеја. Панел дискусијата #StraightToThePoint насоки од успешни стартап приказни ја водеше Иван Маџов од Startup Macedonia во која што учесниците Драган Јосифовски – Paket.mk, Гентиан Елмази и Агон Фејза – Notarised, Душан Гајик – Cognism, Душко Jордановски – H4, Горан Стојановски – Elevate Global разговараа за нивниот пат и развоj и го споделија своето искуство и совети, по што следеше панел дискусијата со инвеститорите од UKIM Accelerator, SEEU Tech Park, SC Ventures, FITR, CEED Macedonia Business Angels Club, SEAVUS Accelerator, SEAF кои говореа за различните можности за финансирање. Оваа панел дискусија ја водеше Ивана Станковиќ. 

Панел дискусија #StraightToThePoint насоки од инвеститори

Вториот ден од конференцијата започна со презентација на PwC Велика Британија за достапни стартап програми, а краток осврт на своето искуство даде и Момчил Василев, од компанијата Енедевор од соседна Бугарија. Работниот дел продолжи со панел дискусија за имплементацијата и функционирањето на платформата Funderbeam кај нас, каде своето искуство го споделија Каролина Каровска Божиноска, Раководител на Одделот за промоција, едукација и развој во Македонска берза и Иван Мишев, Адвокатско друштво Папазоски и Мишев.



Главен говорник на вториот ден од конференцијата беше г-ѓа Ивана Шољан, водечки инвеститор на Funderbeam во Хрватска, водечки инвеститор во Include и Главен Извршен директор на хрватската организација за креирање на екосистем за стартапи HUB385,која сподели корисни информации и совети од својата долгогодишна работа.

Ивана Шољан, Водечки инвеститор во Include и Главен Извршен директор на хрватската организација за креирање на екосистем за стартапи HUB385

Од Иван Мрвош, Извршен директор на Includе, преку интересна видео презентација дознавме за неговата успешна стартап приказна токму преку платформата Funderbeam.

Иван Мрвош, Извршен директор на Includе

Ивана Гажиќ, Претседател на Управниот одбор на Загребска берза говореше како да подготвите добра апликација за финансирање на Funderbeam, а Патрик Бустилс, соосновач на Stage-Go & CoderDojo од Турција,  говореше за клучните предизвици за влез во странство преку Бизнис кафе, поддржано од НЦРИПУ.

Ивана Гажиќ, Претседател на Управниот одбор на Загребска берза

Pitch. Match. Grow. во бројки –

  • 200 учесници
  • 10 стартапи со презентација (pitching)
  • 6 успешни компании
  • 7 инвеститори
  • 6 спикери
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux