ФАКТИ ЗА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ
Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.-31.10.2019 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало заклучно со 31.10.2019 година.
Користени се податоци од неревидираните финансиски извештаи за деветте месеци од 2019 година за банките, додека за останатите котирани друштва, користени се податоци од деветмесечните биланси на успех и шестмесечните биланси на состојба. Финансиските показатели се пресметани врз основа на податоците од финансиски извештаи за последните 12 месеци (Q4 2018 – Q3 2019 trailing).
Во табеларниот приказ со податоците од тргувањето користени се податоци за вкупниот промет и вкупно истргуваната количина во разгледуваниот период.