25 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА БЕРЗА
На 28 март 1996 година започна со работа Македонската берза АД Скопје. Со ударот на берзанското ѕвоно од страна на првиот претседател на нашата држава, г-динот Киро Глигоров, се означи почетокот на првиот ден на тргување на првата берза на овие простори. Од овој датум во Македонија добивме организиран пазар каде најпрвин физички, а потоа и електронски, во точно определено време и според точно определени правила се тргува со различни финансиски инструменти, пред се со акции и обврзници.
Оваа година се одбележува 25 години од почетоците на Македонска берза, период во кој изградивме ефикасен, сигурен и транспарентен пазар на хартии од вредност којшто прерасна во значаен чинител и интегрален дел на нашиот финансиски систем. Воедно, Македонска берза, и покрај нејзината објективно мала големина, се стекна со висок рејтинг во поширокиот регион и иницираше и учествуваше во многу проекти со цел поголема регионална интеграција на пазарите на капитал.
Одбележувајќи го нашиот 25-годишен јубилеј, сметаме дека слободно можеме да кажеме дека изминативе години сме ја споиле напорната работа и успехот како крајна цел. Затоа што успехот не се раѓа сам – тој се создава.
Одиме понатаму!
Во продолжение активности по повод 25 години Македонска берза.
Интервју за магазинот Менаџер/Капитал – 26.02.2021 година
По повод 25 години од првиот ден на тргување на Македонска берза, Главниот извршен директор на Берзата даде интервју за новото издание на магазинот Менаџер/Капитал.
Прочитајте го целото интервју на следниот линк.
Колумна за Дојче Веле – 25.03.2021 година
За првите денови на Берзата во колумна за Дојче Веле пишува Главниот извршен директор на Берзата Иван Штериев, кој е дел од тимот од нејзините почетоци.
Прочитајте ја колумната на следниот линк.
По повод јубилејот 25 години Македонска берза, нашите брокери ги споделуваат своите искуства и своите размислувања за иднината на Берзата.
По повод јубилејот 25 години Македонска берза, пораки од претставници на институциите на пазарот на хартии од вредност.
По повод јубилејот 25 години Македонска берза, говорат трите најтргувани компании досега.