25 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА БЕРЗА

На 28 март 1996 година започна со работа Македонската берза АД Скопје. Со ударот на берзанското ѕвоно од страна на првиот претседател на нашата држава, г-динот Киро Глигоров, се означи почетокот на првиот ден на тргување на првата берза на овие простори. Од овој датум во Македонија добивме организиран пазар каде најпрвин физички, а потоа и електронски, во точно определено време и според точно определени правила се тргува со различни финансиски инструменти, пред се со акции и обврзници.

Оваа година се одбележува 25 години од почетоците на Македонска берза, период во кој изградивме ефикасен, сигурен и транспарентен пазар на хартии од вредност којшто прерасна во значаен чинител и интегрален дел на нашиот финансиски систем. Воедно, Македонска берза, и покрај нејзината објективно мала големина, се стекна со висок рејтинг во поширокиот регион и иницираше и учествуваше во многу проекти со цел поголема регионална интеграција на пазарите на капитал.

Одбележувајќи го нашиот 25-годишен јубилеј, сметаме дека слободно можеме да кажеме дека изминативе години сме ја споиле напорната работа и успехот како крајна цел. Затоа што успехот не се раѓа сам – тој се создава.

Одиме понатаму!

Во продолжение активности по повод 25 години Македонска берза.


25 години Македонска берза || 25 years Macedonian Stock Exchange – промо видео

Интервју за магазинот Менаџер/Капитал – 26.02.2021 година

По повод 25 години од првиот ден на тргување на Македонска берза, Главниот извршен директор на Берзата даде интервју за новото издание на магазинот Менаџер/Капитал.

Прочитајте го целото интервју на следниот линк.

Колумна за Дојче Веле – 25.03.2021 година

За првите денови на Берзата во колумна за Дојче Веле пишува Главниот извршен директор на Берзата Иван Штериев, кој е дел од тимот од нејзините почетоци.

Прочитајте ја колумната на следниот линк.

По повод јубилејот 25 години Македонска берза, нашите брокери ги споделуваат своите искуства и своите размислувања за иднината на Берзата.


25 години Македонска берза – Брокерски поглед || 25 years Macedonian Stock Exchange – Broker’s view

По повод јубилејот 25 години Македонска берза, пораки од претставници на институциите на пазарот на хартии од вредност.


25 години Македонска берза – Институционален поглед || 25 years Macedonian Stock Exchange

По повод јубилејот 25 години Македонска берза, говорат трите најтргувани компании досега.


25 години Македонска берза – Корпоративен поглед
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux