ФАКТИ ЗА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ
Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 31.12.2019 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало заклучно со 31.12.2019 година.
Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни податоци за друштвото, пазарни податоци за 2019 година и пазарни податоци за првото тримесечје од 2020 година.
Графиконот го покажува движењето на просечната цена на акцијата и прометот остварен од редовно тргување во денари во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година.
Вториот сегмент вклучува податоци од неревидираните финансиски извештаи за 2019 година за котираните друштва, за дел од нив се користени консолидирани финансиски извештаи. За 2017 и 2018 година користени се податоци од годишните ревидирани биланси на успех и биланси на состојба.
Третиот дел се финансиските показатели, кои се пресметани врз основа на податоците од годишните финансиски извештаи за 2017, 2018 и 2019 година.